недела, 21 јуни 2026

Иран: Ормускиот теснец ќе остане затворен додека не се исполнат нашите услови

Во услови на ескалација на конфликтот во Либан и нови ирански закани за затворање на Ормускиот теснец, денес во Швајцарија започнаа директните преговори меѓу САД и Иран.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Потпретседателот на САД Џеј Ди Венс, пристигна на состаноците со цел да се утврдат следните чекори во спроведувањето на привремениот договор за прекин на огнот, но тензиите на терен се закануваат целосно да го попречат дипломатскиот процес.

Иран ќе го држи Ормускиот теснец затворен се додека не стапи во сила прекинот на огнот во Либан, објавија државните медиуми.

Пред тоа ќе треба да се издадат и ослободувања од санкции, со што ќе се овозможи продажба на иранска нафта, објави новинската агенција Тасним, повикувајќи се на извор близок до преговарачкиот тим.

Иако Либан не е страна во договорот меѓу САД и Иран, Иран постојано повторува дека прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах мора да биде предуслов за преговори со САД.

Дополнително на сложеноста на ситуацијата е тврдењето на американската војска дека теснецот всушност воопшто не е затворен.

Морнарицата на Револуционерната гарда не дала дозвола за поминување на ниту еден брод до понатамошно известување, објави иранската државна новинска агенција Фарс.

Вчера објави дека теснецот е затворен како одговор на израелските напади во Либан, но американската војска кратко потоа соопшти дека комерцијалните бродови сè уште пловат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ