недела, 21 јуни 2026

Физичка пресметка во Тетово заврши со убодни рани и апсење

Пред паркот на Универзитетот во Тетово бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Д. (20) и Л.А. (26), двајцата од Тетово.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите, при пресметката било употребено ладно оружје, при што Л.А. му нанел убодни рани на М.Д. Повредениот е пренесен во Клиничката болница во Тетово, каде му е укажана лекарска помош.

Полициски службеници кои биле на терен веднаш интервенирале, при што на местото на настанот бил пронајден нож, а Л.А. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ