Во соопштението се наведува дека со три оркестри, три хора и повеќе од 200 музичари на сцената, во извонредна вечер покажале дека вложувањето во културата, уметноста и талентот е вложување во иднината на државата.
Од Влен посочуваат дека под раководство на Мустафа Имери, Филхармонијата покажала дека кога на институциите им се дава визија, професионализам и посветеност, тие можат да создаваат настани што ги надминуваат вообичаените културни рамки и стануваат гордост за сите граѓани.
Културата и уметноста, додаваат од Влен, заземаат важно место во нивната визија за модерно, европско и развиено општество, каде што талентот се цени, поддржува и промовира како заедничко богатство.






