недела, 21 јуни 2026

Стојаноски: Просечната нето-плата порасна за близу 8.000 денари за две години

Просечната нето-плата во државата за две години е зголемена за близу 8.000 денари, односно за 19,6 проценти, истакна денеска на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.

Објавено на

часот

Сподели

Според него, официјалните податоци покажуваат дека просечната нето-плата во март 2024 година изнесувала 40.496 денари, додека во март 2026 година достигнала 48.433 денари.

Стојаноски посочи дека во истиот период растот на цените изнесувал 7,8 проценти, а по корекцијата со растот на цените, реалното зголемување на просечната плата изнесува близу 11 проценти.

Тој оцени дека платите не само што го следат растот на цените, туку растат значително побрзо и реално ја зголемуваат куповната моќ на граѓаните.

Според Стојаноски, раст на платите е забележан во сите клучни сектори, при што најголемо зголемување во апсолутен износ има во информациите и комуникациите, транспортот и складирањето и рударството, додека процентуално највисок раст е регистриран во транспортот, дејностите поврзани со недвижен имот и образованието.

Тој додаде дека овие показатели се потврда дека економските политики даваат резултати и дека приходите на вработените растат, нагласувајќи дека целта е платите да продолжат да растат побрзо од цените, да се отвораат подобро платени работни места и граѓаните да имаат повисок животен стандард.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ