недела, 21 јуни 2026

Нов дебакл на Тунис, Јапонија им даде четири гола (ВИДЕО)

Јапонија со убедливи 4-0 го победи Тунис кој го промени селекторот по поразот од Шведска, но ефект очигледно немаше, девет примени гола за два меча на Светското првенство, а допрва треба да играат со Холандија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тунижаните пред Светското првенство го променија селекторот Трабелси кој без пораз ги пласираше на Мундијалот. Го сменија затоа што немаше добар однос со Фудбалската федерација.

Тоа се покажа како катастрофален потег. Го назначија Ламуши кој го избркаа по поразот од Шведска, кормилото го презема Ренар кој исто така доживеа дебакл денеска против Јапонија.

Мечот беше отворен уште во четвртата минута кога Камада даде гол за 1-0, а во првиот дел погоди и Уеда за 2-0.

Ито во 69. минута зголеми на 3-0, а Уеда даде и втор гол, погоди со глава во 83. минута за конечни 4-0.

Овој пораз на Тунис значи и официјално испаѓање од Светското првенство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ