Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и дневни температури од 29 до 37 степени. Во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен северозападен ветер.






