недела, 21 јуни 2026

Трамп се закани со наплата за пловидба низ Ормускиот теснец ако не се постигне конечен договор со Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со воведување наплата за премин низ Ормускиот теснец доколку не се постигне конечен договор со Иран. Тој изјави дека надоместоците би се наплатувале за услугата „Ангел чувар“ што САД ја обезбедува на Блискиот Исток.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во објава на социјалната мрежа Трут соушал, Трамп ги изнесе деталите за својата закана.

„Во текот на 60-дневното примирје НЕМА да има наплата за премин низ Ормускиот Теснец. Наплата НЕМА да има ниту по истекот на тие 60 дена, освен ако, во случај да не се постигне договор, не ја воведат Соединетите Американски Држави“, напиша тој.

Трамп појасни дека целта на наплатата би била да се надоместат трошоците „минати, сегашни и идни“, за услугата „Ангел чувар“ што им била обезбедена на земјите од Блискиот Исток.

Овие изјави доаѓаат во контекст на меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран, со кој остана нерешено прашањето дали Техеран на крајот ќе ја задржи контролата врз теснецот.

Според договорот, бродовите ќе можат да минуваат без наплата „само 60 дена“, додека Иран и неговите соседи од заливот договараат нов аранжман, што значи дека на Техеран би можело да му биде дозволено да воведе надоместоци за пловидба.

И покрај тоа, Трамп оваа недела инсистираше дека теснецот ќе остане отворен „без наплата за премин во првите 60 дена и по нивното истекување“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ