„Нема да пропуштам никаква можност за дијалог со рускиот претседател Владимир Путин“, рече Фицо во видео обраќање до граѓаните објавено на Фејсбук, како што објави ТАСС.
Премиерот нагласи дека го поддржува дијалогот со Русија, но дека во исто време одржува контакт со украинскиот претседател Володимир Зеленски, и покрај „дијаметрално спротивставените ставови за многу прашања“.
Фицо нагласи дека Словачка останува мирољубива земја, посветена на почитување на меѓународното право.
„Треба да бидеме заинтересирани за одржување пријателски и меѓусебно корисни односи со сите што се однесуваат кон Словачка на ист начин“, рече тој.
Словачкиот премиер исто така гo осуди она што го опиша како „двојни стандарди“ на Европската Унија.






