недела, 21 јуни 2026

Седум лица лишени од слобода во Скопје и гостиварско, им била најдена дрога

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишиле од слобода седум лица кај кои била пронајдена дрога.

Објавено на

часот

Сподели

Како што посочуваат од МВР, вчера во 10:30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.С.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Вчера во 12:20 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Р.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја.

На подрачјето на Гази Баба во Скопје синоќа во 19:40 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Р.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Утринава во 03:00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ч.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.

На 20.06.2025 во 23:50 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Х.А.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Утринава во 00:45 на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.О.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

На 20.06.2026 во 17:30 часот во с.Палчиште, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане во гостиварското село Палчиште, го лишиле од слобода Л.С.(21) од с.Долно Палчиште. Откако ги забележал на полициските службеници, тој фрлил едно пакување со марихуана, кое е пронајднео и одземено.

МВР најавува дека по целосно документирање на случаите против лицата ќе следуваат соодветни поднесоци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ