недела, 21 јуни 2026

Шпанија моќно до висока мундијалска победа над Саудиска Арабија (ВИДЕО)

Шпанија се врати на победничките патеки на Светското првенство и со убедлив триумф од 4-0 над Саудиска Арабија направи голем чекор кон осминафиналето.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

По неочекуваното реми против Зеленортските Острови во првото коло, избраниците на Луис де ла Фуенте овојпат не оставија простор за изненадување. „Црвената фурија“ доминираше од самиот почеток и уште во првото полувреме го реши прашањето околу победникот.

Ламин Јамал го отвори резултатот во 10. минута по асистенција на Микел Ојарзабал, а токму напаѓачот на Реал Сосиедад потоа двапати ја затресе мрежата за убедливи 3-0 пред паузата. Конечните 4-0 беа поставени на стартот од вториот дел кога Ал Тамбакти несреќно ја испрати топката во сопствената мрежа. До крајот Шпанците рутински ја контролираа играта, а еден гол на Феран Торес беше поништен поради офсајд.

Со оваа победа Шпанија се искачи на врвот во групата Х, а во последното коло против Уругвај ќе го решава прашањето за првото место на табелата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ