понеделник, 22 јуни 2026

Вашингтон и Техеран без напредок: Преговорите паузирани, заканите продолжуваат

Преговорите меѓу Иран и Соединетите Американски Држави во Швајцарија „се паузирани, но не се завршени“, изјави ирански извор за новинската агенција Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Иранската делегација бурно реагираше на најновите закани на американскиот претседател Доналд Трамп и наводно, во знак на протест, го напушти местото каде што се одржувале преговорите.

Дописникот на Скај њуз за Блискиот Исток, Адам Парсонс, изјави дека ситуацијата засега не изгледа ветувачки. „Искрено кажано, на прв поглед не оди баш најдобро“, рече Парсонс по првата рунда разговори.

Во текот на денот дополнително се зголемиле тензиите по новите закани на американскиот претседател Доналд Трамп, на кои иранската делегација реагирала луто и остро.

Од иранска страна исто така било порачано дека нема да има разговори за други прашања сè додека не заврши војната во Либан.

Таквиот став дополнително ја отежнува можноста за постигнување поширок договор меѓу двете земји.

Аналитичарите предупредуваат дека во моментов нема знаци за значително приближување на ставовите на Вашингтон и Техеран и дека преговорите би можеле да бидат долги и неизвесни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ