понеделник, 22 јуни 2026

„Фараоните“ се разбудија во вториот дел: Египет со пресврт го победи Нов Зеланд! (ВИДЕО)

Египет стигна до својот прв триумф на Светското првенство, совладувајќи го Нов Зеланд со 3-1 благодарение на одличната игра и комплетниот пресврт во второто полувреме.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Новозеланѓаните имаа супер старт на натпреварот и успеаја да поведат со погодокот на Сурмен уште во 15. минута од играта.

Минималната предност на оваа селекција беше на сила сѐ до 58. минута, кога Зико ја затресе противничката мрежа и донесе израмнување на 1-1.

Десетина минути подоцна следуваше најубавиот потег на мечот. Зико мајсторски проигра со пета, а Салах рутински реализираше за водство на Египќаните од 2-1.

Сите дилеми околу победникот беа решени во 82. минута, кога нововлезениот Трезеге го совлада голманот и ги постави конечните 3-1.

По две одиграни рунди, Египет е лидер во оваа група со четири бода. Иран и Белгија делат по два бода, додека на последното место е Нов Зеланд со само еден бод.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ