понеделник, 22 јуни 2026

Зеленортските Острови продолжуваат да изненадуваат, ремизираа и со Уругвај! (ВИДЕО)

Две средби, два освоени бода за Зеленортските Острови на Мундијалот, откако во рамките на второто коло извлекоа одлични 2-2 во пресметката со Уругвај.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Оваа репрезентација уште еднаш потврди дека почетното реми против шпанската селекција воопшто не беше случајност, приредувајќи уште еден херојски резултат.

Почетната предност им припадна токму на Зеленортските Острови, откако Ленин во 21. минута го отвори натпреварот и донесе водство од 1-0. Ова за нив беше историски гол, прв на Мундијалите.

Сепак, Уругвајците не дозволија изненадување на паузата и во самата завршница од првиот дел успеаја целосно да го свртат резултатот во своја корист, благодарение на погодоците на Араухо и Канобио.

Конечните 2-2 беа поставени во 61. минута преку Варела, кој ја затресе противничката мрежа по само три минути откако влезе во игра.

По комплетирањето на двете рунди во оваа група, лидер е Шпанија со четири бода, Уругвај и Зеленортските Острови имаат по два, а Саудиска Арабија е на дното со еден освоен бод.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ