Предвидувањата се остварија, имаше невреме во текот на дуелот меѓу Франција и Ирак, па поради американските протоколи, натпреварот многу долго беше во прекин, траеше четири часа.
Резултатот го отвори Мбапе кој прими една топка од Олисе на 18 метри од голот и силно шутна за водство од 1-0.
По крајот на првото полувреме натпреварот беше прекин поради грмежите во силното невреме. Протоколите во САД се јасни, мечот се прекинува доколку има грмотевици во радиус од 13 километри околу стадионот.
Фудбалерите се повлекоа во соблекувалните, а гледачите беа повикани да се преместат во безбедните зони.
Правилата се дека после гром, треба да поминат 30 минути за натпреварот да продолжи, но доколку во тие 30 минути се појави нов гром, минутите се бројат од последниот грмеж. По низа одложувања и двочасовна пауза, играчите се вратија на загревање, по што мечот продолжи.
По девет минути игра во второто полувреме Мбапе ја дуплираше предноста на Франција по асистенција од Дембеле.
Десетина минути подоцна и самиот Дембеле се запиша во листата на стрелците за конечна победа од 3-0.






