Иранската интеракција со Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) ќе продолжи во согласност со тековните процедури, со одобрение од иранскиот парламент и одлука на Врховниот совет за национална безбедност, додаде Багај.
Потпретседателот на САД Џеј Ди Венс изјави вчера во Швајцарија, еден ден откако во таа земја се одржаа разговори насочени кон завршување на војната на Блискиот Исток, дека Иран се согласил да им дозволи на инспекторите од Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) да се вратат на територијата на земјата.
„Иранците се согласија да ги повикаат инспекторите на ИАЕА. Ова е голем чекор за американскиот народ и прв чекор кон целосна денуклеаризација, односно конечно завршување на програмата за нуклеарно оружје на Иран“, изјави Венс за новинарите, додавајќи дека очекува „тоа да се случи уште оваа недела“.






