понеделник, 22 јуни 2026

Лина Ѓорческа ја дозна ривалката во квалификациите за Вимблдон

Најдобрата македонска тенисерка утре ги стартува квалификациите на Вимблдон.

Објавено на

часот

Сподели

Нејзина ривалка во првата рунда од квалификациите ќе и биде шпанската тенисерка Анхела Фита Болуда (26 години).

Противничката на Ѓорческа се наоѓа на 213.место на ВТА ранг-листата и во кариерата има 10 турнирски победи на ИТФ турнири. Оваа година има одиграно четири финалиња и има само една победа. Најдобриот ранг и бил 190.место.

Ѓорческа на Вимблдон има настапувано во 2017 и 2024 година, кога настапот го завршуваше во првата квалификациска рунда.

Мечот од првото коло треба да биде на програмата утре (вторник), а женските квалификациски мечеви ќе се играат од вторник до 25.јуни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ