понеделник, 22 јуни 2026

Обвинителството бара притвор за осомничен за семејно насилство во тетовско

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Тетово поведе постапка и предложи мерка притвор за жител на тетовско Гајре заради основано сомнение дека сторил кривично дело загрозување на сигурноста како и телесна повреда.

Објавено на

часот

Сподели

Според Обвинителството, на 21 јуни, при вршење семејно насилство, осомничениот сериозно се заканил на неговата мајка и на сопругата, на кои најпрво им побарал 100 евра, а тие одбиле да му дадат пари. Со намера да ги вознемири и да ги заплаши жените, започнал да ја крши покуќнината и со нож им се заканил дека ќе ги убие. Сопругата ја удирал со тупаници по телото и ја влечел за косата, нанесувајќи и телесни повреди.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ