понеделник, 22 јуни 2026

Меси даде два гола и донесе втора победа за Аргентина на СП (ВИДЕО)

Аргентина со 2-0 ја победи Австрија и го завери пласманот во нокаут фазата на Светското првенство, двата погодоци беа дело на Лео Меси.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Меси уште на самиот старт од мечот имаше шанса да постигне гол, но не реализираше удар од белата точка.

Сепак во 38. минута Лео постигна гол за водство од 1-0 на Аргентина. Ова за него беше вкупно 17. гол на Мундијалите со кој стана најдобар стрелец на сите времиња на ова натпреварување.

Аргентина беше подобра во текот на целиот меч, а Австрија се обидуваше да постигне гол, но тешко создаваше шанси.

Кога се чинеше дека ќе биде крај на мечот, Меси даде уште еден гол, погоди за конечни 2-0. Тоа беше неговиот 18. погодок на Мундијалите.

Во првите две кола на Светското првенство, Аргентина даде пет гола, сите беа дело на Меси.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ