понеделник, 22 јуни 2026

До крајот на 2027 година битолчани ќе гледаат филмови во реконструираното кино „Партизан“

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во придружба на градоначалникот Тони Коњановски изврши увид во градежните активности и реконструкцијата што се врши на киното „Партизан“ во Битола. Во изјава за медиумите, министерот Љутков истакна дека очекува до крајот на 2027 година, објектот кино „Партизан“ да биде пуштен во употреба.

Објавено на

часот

Сподели

Во изјава за медиумите, министерот Љутков истакна дека очекува до крајот на 2027 година, објектот кино „Партизан“ да биде пуштен во употреба.

„Реконструкцијата на оваа институција е во напредна фаза, динамиката оди многу добро и обезбедени се околу 94 милиони денари за завршување на објектот. Според тоа што можев да го видам, најверојатно ќе стигнеме малку побрзо од планираното и се надевам дека до крајот на 2027 година овој објект ќе биде завршен и пуштен во употреба“, рече Љутков.

За време на работната посета во Битола, министерот Љутков во придружба на пратениците и директорите на национални установи од културата ги посети археолошкиот локалитет Хераклеја и Јени Џамија.

„За време на посетата извршив увид во конзерваторско-реставраторските работи на ентериерот во Јени Џамија. Проектот опфаќа конзервација и реставрација на ѕидното сликарство, дрвените, металните и мермерните декоративни елементи за што министерството обезбеди околу 12 милиони денари. Нашата цел е конечно да го завршиме овој исклучителен споменик на култура и да го ставиме во функција. За арехеолошкиот локалитет Хераклеја, министерството оваа година одвои средства за кровната конструкција, за да се заштитат мозаиците. Радува фактот што во последниве неколку години посетеноста на Хераклеја се движи од 22.000 до 25.000 посетители годишно и ние сме со тенденција оваа бројка да расте. Затоа во иднина ќе продолжиме со инвестиции, особено во заштита и презентација на мозаиците“, истакна Љутков.

На прес – конференција во Битола беше истакнато дека во изминатите две години Министерството за култура и туризам одвои околу 32 милиони денари за активности на Завод и музеј-Битола, средства со кои е извршена реставрација на предната фаза на музејот и партерното уредување и реновирање на сувенирницата.

Во наредниот период ќе продолжи обновата на постојаната музејска поставка со нов современ естетски и визуелен концепт и по повод 100 години од раѓањето на Кирил Македонски реализирани се проекти за конзервација и реставрација на фасадите на спомен куќите на македонските револуционери Гоце Делчев и Стив Наумов, посочи министерот Љутков за време на денешната посета во Битола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ