Нестабилното време се очекува да продолжи и во вечерните часови кога во делови од државата ќе има појава на пороен дожд, засилен ветер и ретки грмежи, а можна е и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Под влијание на циклонска активност од Турција нестабилното време ќе продолжи и утре. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени.
Во Скопје, претпладне сончево време со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Нестабилното време ќе се задржи до петок кога се очекува период на претежно сончево и потопло време со пораст на дневните температури.






