Средбата, како што информираат од Кабинетот на вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, претставува продолжение на интензивирањето на дијалогот и соработката по неодамнешната посета на потпретседателот и министер Стоилковиќ на Кина, со цел создавање нови можности за економско поврзување, размена на искуства и поттикнување на заеднички развојни иницијативи.
На средбата, двете страни изразиле подготвеност за понатамошна комуникација и конкретизација на соработката во претстојниот период, а посебно била нагласена улогата на Chengwei Capital, една од најстарите независни фирми за претприемнички капитал во Кина, со кумулативна инвестиција која надминува десетина милијарди американски долари, генерирајќи околу 150 милијарди американски долари по скалата на ИПО, како една од најстарите и највлијателни независни фирми со инвестиции во над 100 компании и значајно присуство во технолошки, здравствени, индустриски и дигитални сектори ширум светот.

Ерик Ли, се вели во соопштението, дипломирал на економскиот факултет на Универзитетот Беркли во Калифорнија, а магистрирал на Универзитетот Стенфорд, на факултетот за бизнис и е доктор за политички науки на Универзитетот Фудан. Управител е и претседател на советодавното тело на Кинескиот институт и претседател на Стратешкото советодавно тело на Институтот за меѓународни студии, двете при Универзитетот Фудан. Воедно, членува во одборите на Факултетот за технички науки при Универзитетот за наука и технологија во Кина, Стенфорд Бизнис школата, Азиското друштво Хонг Конг и Меѓународниот институт за стратешки студии (ИИСС).






