понеделник, 22 јуни 2026

Вучиќ најави избори за есен

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека изборите во Србија ќе се одржат во октомври или ноември, но не прецизираше дали ќе бидат парламентарни или претседателски. Повеќе детали, како и дали ќе се кандидира за премиер, ќе открие на собирот на Српската напредна партија на 27 јуни во Белград, изјави тој за време на интервју за три провладини телевизиски станици.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Функционери на владејачката СНС претходно во неколку наврати изјавија дека сакаат Вучиќ да биде нивен кандидат за премиер на следните избори.

Истовремено, дел од опозицијата и студентите кои протестираат со блокади долго време бараат распишување вонредни парламентарни избори. Досега Вучиќ не даде прецизни одговори на овие барања, а неговите изјави остануваат нејасни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ