„На крајот на краиштата, Доналд Трамп го турна чепот во Ормускиот теснец, не ние, но во наш интерес е да го отстраниме“, кажа Писториус во интервју за германскиот јавен радиодифузен сервис АРД.
Германскиот министер додаде дека отворањето на Ормускиот теснец, односно можноста за безбеден транзит низ него, е во интерес на Европа, во интерес на снабдувањето со енергија и економското закрепнување.
Министерот додаде дека секој договор за повторно отворање на теснецот ќе бара поддршка од Иран и Оман.
Иранските власти во саботата објавија дека го затвораат Ормускиот теснец поради продолжувањето на израелските напади врз јужниот дел на Либан, каде што Израелците ги таргетираат позициите на либанското движење Хезболах, поддржано од Иран.
Трамп се закани претходно денес дека ќе го нападне Иран ако неговите сојузници во Либан – движењето Хезболах против кое војува Израел – „продолжат да предизвикуваат проблеми“.






