четврток, 21 мај 2026

Оклахома не греши двапати – победа над Сан Антонио! (ВИДЕО)

По киксот на првиот меч во финалната серија на Западот против Сан Антонио, кошаркарите на Оклахома го добија вториот меч со 122-113 и израмнија на 1-1.

Објавено на

часот

Сподели

По изедначената прва четвртина, клучот беше во вторите 12 минути кои Оклахома ги доби со 31-20 и направи солидна предност која знаеше да ја одржи до крајот.

Во вториот дел Сан Антонио на двапати го изедначи резултатот, но никако не успеа да дојде во водство. Немаше неивесност во последниот период во кој Оклахома дојде и до 13 поени предност. Конечниот резултат беше 122-113 за домаќинот.

Најдобар на теренот беше актуелниот МВП кошаркар, Гилџус Александер кој постигна 30 поени, имаше и девет асистенции, кај Сан Антонио најдобар беше Кесл со 25 поени, Вембанјама реализираше 21 поен, имаше и 17 скокови.

Сега серијата се сели на теренот на Сан Антонио каде се играат наредните два натпревари.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ