На понтонскиот брод имало 19 лица, од кои 16 биле спасени, изјави на прес-конференција началникот на противпожарната служба на Сан Франциско, Дин Криспен.
„Од 19 лица на бродот, 13 се безбедно на брегот, тројца се однесени во болница, едно лице почина, а двајца се водат како исчезнати“, рече Криспен, додавајќи дека причината за несреќата засега е непозната.
DEVELOPING: A dramatic search-and-rescue operation is underway after a pontoon boat caught on fire near Alcatraz Island.
Officials say 19 people were on board when the fire broke out. One person was killed, two remain missing and three were taken to the hospital. The remaining… pic.twitter.com/CAywfBE8G1
— Fox News (@FoxNews) July 15, 2026
Пожарникарот Маријано Елиас го опиша бродот како „понтонски разоноден брод“. Бродот бил на околу 500 метри од Алкатраз, а итен повик дошол веднаш по 15:30 часот.
Снимките од локалните телевизиски вести го покажаа бродот речиси целосно потопен, со покривот сè уште над водата, додека моторот сè уште работел и протекувало гориво. Сепак, бродот потоа потонал.
Полициски чамец бил првиот што пристигнал, а службените лица пронашле тешко повреден патник, рече Криспен. Патникот починал и покрај реанимацијата, рече тој.
Американската крајбрежна стража соопшти дека им се придружила на другите агенции во мисијата за пребарување и спасување, а единаесет бродови моментално учествуваат во потрагата по двете исчезнати лица.
Алкатраз е поранешен затвор, а сега туристичка атракција. Тој е мал карпест остров во заливот каде што функционирал федерален затвор од 1934 до 1963 година. Се сметал за безбеден од бегство поради силните струи и студената вода. Денес, тој е национален историски споменик управуван од Националната служба за паркови.





