вторник, 14 јули 2026

Уапсен Црногорец кај Гевгелија, возел со 205 км/ч

Против Д.Б. (36) е поднесена пријава.

Објавено на

часот

Сподели

Црногорски државјанин е уапсен на автопатот во Гевгелиско бидејќи возел со брзина од 205 километри на час, што е 85 километри на час над дозволената брзина, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Како што се наведува во соопштението, полициски службеници од Гевгелија вчера во 11:09 часот на автопатот А1 „Пријателство“, кај гевгелиското село Милетково, го уапсиле 36-годишниот црногорски државјанин Д.Б. поради пребрзо возење.

„При контрола на сообраќајот со радар, полициските службеници утврдија дека Д.Б. управувал патничко моторно возило од марката БМВ со црногорски регистарски таблички со брзина од 205 километри на час, на место каде што сообраќаен знак ја ограничува брзината на 120 километри на час“, се наведува во соопштението.

Се додава дека за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Гевгелија и дека против црногорскиот возач е поднесена соодветна пријава.

На истото место на автопатот, пред неколку дена, на 11 јули, поради пребрзо возење беше уапсен и 46-годишен турски државјанин, кој својот „мерцедес“ го управувал со брзина од 203 километри на час.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ