вторник, 14 јули 2026

Три пријави за семејно насилство во еден ден

Полициски службеници од Полициската станица Гостивар, утринава го лишија од слобода С.Н. (45) од Гостивар, постапувајќи по пријава дека во нивниот дом физички ја нападнал неговата 43-годишна сопруга.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера пак, во 19:10 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.Т. (59) од Куманово, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 57- годишна сопруга.

Денеска, во 00:20 часот полициски службеници од ОВР Берово го привеле Б.М.(37) од Пехчевско, исто, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 25-годишна сопруга.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ