вторник, 14 јули 2026

Во Дебарско загинал 28-годишник од повреди при сеча на дрва

На 13 јули, во 14:20 часот во ОВР Дебар е пријавено дека во атарот на дебарското село Горно Мелничани, М.Л.(28) од с.Седларево, се здобил со повреди при сеча на дрва.

Објавено на

часот

Сподели

Тој бил пренесен со возило на Итната медицинска помош до болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, но на пат кон болницата им подлегнал на повредите, а смрт без траги на насилство констатирал доктор од болницата. На местото на несреќниот случај, увид извршија јавен обвинител, државен трудов инспектор и полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ