понеделник, 13 јули 2026

Полицаец повреден по полициска потера по мотор без таблички

Двајца скопјани се приведени во раните утрински часови во Чаир, откако избегнувале полициска контрола со мотоцикл без регистарски ознаки, при што бил повреден полициски службеник, соопшти МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од полицијата, на 13 јули 2026 година во 3:10 часот, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.А. и А.Б. , двајцата од Скопје.

„При извршување службени дејствија, полицајците се обиделе да сопрат мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 18-годишниот Д.А., на кој како сопатник бил А.Б. Наместо да застане, возачот продолжил да се движи и со мотоциклот се дал во бегство. По преземени мерки, полициските службеници успеале да ги сопрат двете лица. При интервенцијата, еден полициски службеник се здобил со повреди. При извршен преглед над Д.А., била пронајдена и одземена дробилка со остатоци од марихуана“, информираа од МВР.

Од СВР Скопје информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ