Во битолското село Меџитлија, завчера претпладне Б.Б. пријавил дека при изведување градежни активности во атарот на селото пронашол граната.
Следниот ден, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување – Битола извршил проверка и утврдил дека станува збор за артилериска граната калибар 75 милиметри од Првата светска војна. Гранатата била безбедно подигната и отстранета.
Во Тетово, пак, вчера попладне Е.Н. пријавил дека на регионалниот пат Тетово – Јажинце, во близина на селото Порој, од залутан проектил било оштетено неговото паркирано возило „фиат пунто“ со тетовски регистарски ознаки.
Од полицијата информираат дека при инцидентот нема повредени лица и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Истиот ден, попладнето, во СВР Скопје било пријавено дека од заталкан куршум било оштетено ветробранското стакло на патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки.
И во овој случај полицијата презема мерки за утврдување на околностите и расчистување на случајот.





