Од ГРК Охрид велат дека тие не сакале да се разделат со ракометарот, но тој ја активирал излезната клаузула која била во договорот и решил да замине во Висла.
„ГРК Охрид ја информира јавноста дека Ориол Реј Моралес повеќе не е член на нашиот клуб.
Иако клубот апсолутно не беше за разделба со еден од своите клучни дефанзивци пред истекот на неговиот договор, на барање на играчот беше активирана излезната клаузула, а полскиот шампион Висла Плоцк го откупи неговиот договор.
Му благодариме на Ориол за посветеноста и придонесот во дресот на ГРК Охрид и му посакуваме успех и во понатамошната кариера“, стои во соопштението на ГРК Охрид.
Охриѓани ќе треба да најдат соодветна замена, шпанскиот ракометар беше многу значајна алка во тимот.





