„На 12 јули во 19:35 часот на патот Тетово-Гостивар поточно пред клучка Врапчиште од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР со специјално возило пресретнувач беше измерена брзина на движење на возило од 179 км/ч, каде брзината на движење е ограничена со сообраќаен знак на 80 км/ч. По насоки на јавен обвинител возачот Л.М.(27) од Тетово е лишен од слобода а возилото кое го управувал, марка ‘мерцедес’ со тетовски регистарски ознаки е одземено за понатамошна постапка“, велат од МВР.
Против возачот Л.М. од Тетово се преземени соодветни мерки и ќе се соочи со законски предвидената санкција по член 297-а од Кривичниот законик на РСМ.
Од МВР највуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период на територијата на целата држава, со цел санкционирање на сторителите, зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта.





