Според пријавеното, синоќа околу 22:35 часот во семејниот дом, Е.Л., кој бил пијан, физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга – мајка на Б.Џ., по што Б.Џ. му нанел убодни рани на својот татко.
„По преземени мерки, полициски службеници го лишија од слобода Б.Џ., а 54-годишната жена е пренесена во болницата Свети Наум Охридски за укажување на помош. По наредба на јавен обвинител, телото на Е.Л. е предадено за обдукција. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираа од МВР.





