недела, 12 јули 2026

Возило се запали во движење во Чаир, возачот се здоби со изгореници

Педесет и петгодишен скопјанец се здобил со изгореници откако неговото возило се запалило додека било во движење на подрачјето на Чаир.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 11 јули околу 7:40 часот. С.Д. (55) од Скопје управувал со своето возило кога избувнал пожар.

Возачот успеал навреме да излезе од автомобилот, но се здобил со изгореници по телото. Пожарот бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје.

Повредениот бил пренесен во Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ