Денес, на булеварот „Борис Трајковски“, во близина на бензинската станица „Лукоил“, екипите на ЈП „Водовод и канализација“ работат на целосна санација на сериозен дефект кој со години претставуваше проблем за жителите на Пинтија, Усје, Долно Лисиче, Драчево, Батинци, Студеничани и Зелениково – објави Ѓорѓиевски на Фејсбук.
Нагласи дека станува збор за оштетување на водоводна цевка Ф600, настанато при градежни активности пред три години. Наместо трајно решение, додаде тој, дефектот досега бил саниран само привремено, поради што проблемот постојано се повторувал.
„Со денешниот зафат се врши целосна замена на оштетениот дел од цевката во должина од пет метри, со што конечно се обезбедува сигурно, квалитетно и долгорочно решение, пред изградбата на булеварот Борис Трајковски”, нагласи Ѓорѓиевски.





