„Присуствувавме и на симулациска вежба за спасување повредено лице во планински услови, каде обучените спасители и парамедици ја демонстрираа својата подготвеност за брза, координирана и професионална реакција. Кога е загрозен човечки живот, секоја секунда е драгоцена! Токму затоа, преку организирани дежурства ќе се обезбедуваат прва помош, спасување, евакуација и безбеден транспорт на повредени лица“, објави Ѓорѓиевски на Фејсбук.
Тој нагласи дека истовремено ќе се спроведуваат континуирани обуки, тренинзи и симулациски вежби, со кои спасителите ќе ги унапредуваат своите знаења, вештини и оперативна подготвеност за дејствување во различни кризни ситуации. Дополнително, додаде Ѓорѓиевски, посетителите ќе можат да го измерат крвниот притисок на штандовите кои се наоѓаат на овие места.
„Нашата цел покрај брза и навремена реакција, е и да превенираме. Преку едукативни активности ќе ја подигнуваме јавната свест за безбедно движење во природа, превенција од пожари и заштита на животната средина“, истакна скопскиот градоначалник.





