недела, 12 јули 2026

Израелски доселеници нападнаа екипа на Си-ен-ен на Западниот Брег: Уапсени четири лица

Четворица израелски доселеници беа уапсени во саботата откако нападнаа новинари, вклучувајќи ја и екипата на Си-ен-ен на окупираниот Западен Брег, соопшти израелската полиција.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Новинските екипи беа во близина на селото Синџил, северно од Рамала, за да известуваат за првата годишнина од убиството на Саиф Мусалет, Палестинец со американско државјанство, кој беше претепан до смрт од еврејски доселеници во јули минатата година, пренесува Си-ен-ен.

Само неколку минути откако новинарите пристигнаа на местото каде што беше убиен Мусалет, во областа пристигнаа израелски доселеници. Додека екипата на Си-ен-ен и другите новинари се обидуваа да се повлечат, група од четворица доселеници им го блокираа патот со својот автомобил.

Напаѓачите мавтале со дрвени и метални шипки, како и камења, додека еден од нив се обидел со нож да ги исече гумите на возилото на Си-ен-ен.

Потоа, доселениците почнале да скокаат врз возилото што се наоѓало зад автомобилот на Си-ен-ен, во кој се наоѓала друга новинарска екипа, и му го скршиле ветробранското стакло. Друга група доселеници се обидела да го блокира вториот излез, по што ги бркале новинарите кон градот Синџил.

Апсења и одговор на полицијата

Според израелската полиција, по пристигнувањето на местото на настанот, полицајци и припадници на израелската војска уапсиле четворица осомничени, а нивното возило го пронашле недалеку од местото на нападот.

Од автомобилот се запленети палки и нож.

„Израелската полиција и Израелските одбранбени сили многу сериозно го сфаќаат секој облик на насилство или уништување имот, особено кога станува збор за медиумски работници кои ја вршат својата работа“, се вели во соопштението на полицијата.

По убиството на Мусалет во јули 2025 година, тогашниот американски амбасадор во Израел, Мајк Хакаби, го нарече „криминален и терористички чин“ и ги повика израелските власти да спроведат истрага.

Сепак, таткото на Мусалет за Си-ен-ен изјави дека до денес никој не е уапсен за убиството на неговиот син.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ