недела, 12 јули 2026

Англија даде контроверзен гол, се огласи и ФИФА (ВИДЕО)

По 120 минути игра, Англија ја победи Норвешка со 2-1 и се пласираше во полуфиналето на Светското првенство, но многу прав крена првиот гол на Англичаните.

Објавено на

часот

Сподели

Норвешкиот голман Орјан Ниланд исфрли една топка, а таа падна невообичаено. Веднаш потоа Ниланд му објаснуваше на судијата дека топката во лет го допрела кабелот од висечката камера над теренот и затоа добила чуден пад.

Од ФИФА излегоа со соопштение во кое велат дека сензорот на топката не регистрирал допир и затоа не била прекината играта.

„Пред голот на Англија во 45+2. минута против Норвешка, сензорот во топката не регистрираше никаква промена во нејзините параметри додека беше во воздух. Затоа нема докази дека топката го допрела кабелот над теренот и поради тоа ја променила својата траекторија“, соопштија од ФИФА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ