сабота, 11 јули 2026

Приведен 36-годишник, осомничен е за повеќе кражби во Гостивар

Триесет и шестгодишен жител на гостиварското село Вруток е лишен од слобода поради сомнение дека извршил повеќе кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“ на подрачјето на Гостивар, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

Според МВР, полициски службеници на 10 јули околу 13:00 часот на улицата „18-ти Ноември“ во Гостивар го привеле Ф. И. (36), а при претрес кај него биле пронајдени предмети што потекнувале од последната кражба, извршена истиот ден во маркет во Гостивар.
По целосното документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ