четврток, 9 јули 2026

Почина пејачката Бони Тајлер

Пејачката Бони Тајлер, позната по хитовите „Total Eclipse of the Heart“, „Holding Out for a Hero“ и „It’s a Heartache“, почина на 75-годишна возраст.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението објавено на официјалната страница на пејачката се наведува:

„Семејството на Бони и нејзиниот тим со скршено срце соопштуваат дека Бони почина ненадејно синоќа во болница во Португалија, како резултат на болест од која се лекуваше. Наскоро ќе дадеме дополнителна изјава, но засега ве молиме за приватност додека се справуваме со оваа трагедија“, пренесува Би-би-си.

Здравствените проблеми на пејачката започнаа во мај оваа година, кога уметницата од Скевен, Јужен Велс, беше итно оперирана во Португалија поради проблем со цревата, по што беше ставена во индуцирана кома. Минатиот месец, нејзиниот портпарол изјави дека Бони се разбудила од кома, но додаде дека таа сè уште е „многу болна и на интензивна нега“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ