Селекторот Мохамед Уахби нема да може да смета на својот најдобар стрелец на турнирот Исмаел Саибари.
Офанзивниот фудбалер не успеа да ја санира повредата што ја заработи во осминафиналниот дуел со Канада, па остана надвор од комбинација за пресметката која вечерва од 22:00 часот ќе се игра во Бостон.
Саибари беше еден од клучните играчи на Мароко на Мундијалот. Со трите постигнати гола даде голем придонес за пласманот во четвртфиналето, а одличните партии му донесоа и трансфер во редовите на Баерн Минхен уште за време на турнирот.
Победникот од дуелот меѓу Франција и Мароко ќе биде првиот полуфиналист на Светското првенство.





