четврток, 9 јули 2026

Муцунски: Одлуките од Самитот во Анкара ќе ја зајакнат НАТО Алијансата

Донесените одлуки на Самитот на НАТО во Анкара дополнително ќе ја зајакнат Алијансата и ќе придонесат за унапредување на колективната безбедност, напиша на својот фејсбук-профил Тимчо Муцунски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија по враќањето од Турција.

Објавено на

часот

Сподели

„Пораката е јасна: НАТО испорачува резултати. Ја потврдивме заедничката определба за поголеми инвестиции во одбраната, понатамошно јакнење на одбранбените капацитети, поправедна распределба на одговорностите меѓу сојузниците и континуирана поддршка за Украина“, напиша Муцунски.

Тој информираше дека на маргините на Самитот остварил повеќе билатерални средби со колеги од земјите членки на НАТО, како и со високи претставници на земјите сојузници и партнери. Во разговорите, како што посочи, станало збор за билатералните односи, соработката во рамките на НАТО, како и за актуелните регионални и глобални безбедносни предизвици.

„Како посветен и кредибилен сојузник, продолжуваме активно да придонесуваме кон зајакнувањето на колективната безбедност, стабилноста и единството“, порача министерот Муцунски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ