Организаторите најавуваат дека на настанот ќе бидат претставени повеќе од 200 вина од домашни и странски винарии, меѓу кои бели, розе и црвени вина, внимателно селектирани за љубителите на винската култура.
Како што информираат организаторите, посетителите ќе имаат можност да уживаат во дегустација на различни вински етикети, гастрономски специјалитети, модно изненадување и музичка програма во живо. За музичкиот дел ќе биде задолжена Бернарда Бобовечки, која ќе настапи со акустичен концерт.
Настанот, кој низ годините изгради препознатлив концепт, има за цел да ја промовира винската култура, префинетиот вкус и дружењето во елегантна атмосфера, а е наменет за сите љубители на доброто вино и урбаниот начин на живот.





