четврток, 9 јули 2026

Бугарски академици предупредуваат на најавената унгарска поддршка за Македонија

За Спас Ташев, професор по национална безбедност и директор на одделот „Демографија“ во Бугарската академија на науките (БАН), ставот на новиот унгарски премиер Петер Маѓар кој отворено се заложи за европскиот пат на земјите од Западниот Балкан не е добра вест за Бугарија.

Објавено на

часот

Сподели

„Разговарав со бугарски европратеници кои ми кажаа дека го информирале Маѓар за бугарската позиција и за суштината на проблемите во Скопјe. Бидејќи тој продолжува да ги повторува истите тези, очигледно е во прашање свесно политичко однесување“,  вели Ташев во интервју за бугарски „Телеграф“ и додава дека изјавите на Маѓар треба внимателно да се разгледаат.

„Тие се дел од пошироко прегрупирање на влијанието на Балканот, во кое Северна Македонија станува поле на конкуренција помеѓу различни геополитички центри кои би сакале да имаат свој Тројански коњ во Европа. Ова не се добри вести ниту за Бугарија, ниту за Европската Унија. Европа тешко може да биде силна во странство ако дозволува такви линии на поделба во себе“, заклучува основачот и прв директор на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје во одговорот на прашањето „Како го толкувате ставот на унгарскиот премиер Маѓар дека Северна Македонија неправедно е забавувана на нејзиниот пат кон ЕУ?“.

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска на Самитот на НАТО во Анкара имаше подолг разговор со Маѓар, кој кажал дека уште позасилено ќе застане зад Западен Балкан, дека целосно ја поддржува Македонија и оти е неминовно, за да има стабилност и мир на Балканот, земјите од Западен Балкан да станат членки на Европската Унија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ