среда, 8 јули 2026

Мaшки труп во Пчиња

Машки труп бил пронајден во реката Пчиња кај Катлановска Бања, а полицијата и Јавното обвинителство преземаат мерки за утврдување на идентитетот на починатиот и за целосно расчистување на случајот.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 7 јули 2026 година во 14:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во реката Пчиња, во близина на Катлановска Бања, е пронајдено безживотно машко тело.

По насоки на јавен обвинител, телото е предадено на Институтот за судска медицина за обдукција, која треба да ги утврди причините за смртта.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на починатиот, како и за целосно расчистување на сите околности поврзани со случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ