среда, 8 јули 2026

Полицијата пронајде хероин и дигитална вага при претрес кај тетовец

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 46-годишниот Н.М. од Тетово поради постоење основи на сомнение дека го сторил кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 3 јули 2026 година полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени хероин и дигитална вага.

Против Н.М. е поднесена кривична пријава, а случајот е доставен до надлежното обвинителство за понатамошна постапка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ