Според информациите на ЦУК, активни пожари во моментов нема. Од регистрираните случаи, еден пожар е ставен под контрола, додека два се целосно изгаснати.
Под контрола е пожарот во општина Кратово, во близина на селото Железница, каде што горела депонија.
Изгаснати се пожарите во општина Босилово, кај селото Старо Балдовци, каде што била зафатена ниска вегетација, овоштарник и жито, како и пожарот во општина Радовиш, кај селото Калуѓерица, каде што гореле ниска вегетација и отпад.





