среда, 8 јули 2026

Партнерството во рамките на НАТО главна тема на состанокот на Муцунски со Берендсен

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски денеска на маргините на Самитот на НАТО во Анкара, се сретна со Том Берендсен, министер за надворешни работи на Холандија.

Објавено на

часот

Сподели

Муцунски на фејсбук објави дека со Брндсен разговарале за билатералните односи, регионалните и европските прашања, како и за партнерството во рамки на Алијансата.

Тимчо Муцунски е дел од државната делагација предводена претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која учествува на 36. Самит на НАТО во Анкара.

Главни теми на самитот, на кој се очекува да бидат донесени важни одлуки за иднината на Алијансата, се зајакнувањето на колективната одбрана, инвестициите во одбранбените капацитети, реализацијата на одлуките донесени на минатогодишниот Самит во Хаг во однос на потребата за издвојување доволни средства за одбраната, споделувањето на товарот, поддршката за Украина, развојот на одбранбената индустрија, како и актуелните регионални безбедносни предизвици.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ