Говорејќи по средбата меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп, Мицотакис не сакаше да ги коментира разговорите за можна продажба на американски борбени авиони Ф-35 на Турција, туку упати директни обвинувања кон Анкара, пренесува Н1 Сараево.
„Нема да ги коментирам изјавите што претходно ги дадоа Трамп и Ердоган. Алијансата мора да се темели на основниот принцип на добрососедски односи. Мојата земја и натаму се соочува со отворена закана со војна од Турција“, изјави Мицотакис, додавајќи дека „мора да се земе предвид чувствителноста на сите сојузници во НАТО“.
Тој изрази уверување дека спорните прашања можат да се решат „во духот на соработката“.
На крајот од обраќањето, грчкиот премиер се обиде да ги ублажи тензиите, истакнувајќи дека „секогаш му претставува задоволство“ да ја посети Анкара и дека отсекогаш бил застапник за унапредување на односите меѓу двете соседни земји.





