На прашањето на новинар како би ги коментирал нападите на САД врз повеќе од 80 цели, Руте му даде целосна поддршка на Вашингтон.
„Мислам дека беше апсолутно неопходно, бидејќи постои прекин на огнот, а Иран очигледно го крши. Видовме што се случи вчера со нападите врз бродовите“, рече Руте денес во Анкара, на маргините на самитот на НАТО.
„Апсолутно е клучно Соединетите Држави да одговорат решително“, додаде тој пред консултациите на лидерите на 32-те членки на НАТО.
Во меѓувреме, Кувајт беше нападнат, додека сирените за воздушен напад се огласија во Бахреин утрово откако иранските медиуми објавија дека иранската војска најавила одговор на американските напади.





